Skip to main content
x

29 May 2020 - 8:05
sportmedia
Статија

Нејмар во 2017 година дојде во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра, но набрзо се покаја. Минатото лето се обидуваше да се врати во редовите на каталонскиот гигант, но не успеа.

Иако пандемијата ќе нанесе големи штети во спортот пред се на финансиски план, сепак Нејмар верува дека може да се врати на „Камп Ноу“.

Француските медиуми пишуваат дека Бразилецот е во нова кавга со челниците на ПСЖ откако се обиделе да ја намалат неговата плата за 70%. Нејмар верува дека на овој начин ќе успее да ги убеди првите луѓе не тимот од Партиз да ја прифатат понудата на Барса.

Јасно е дека и двата тима не се во добри односи поради неуспешните обиди за соработка. За заминување на Нејмар навиваат и фановите на ПСЖ кои се разочарани по информацијата дека нема да дозволи да му биде намалена платата.

sportmedia.mk

Најчитани вести