Skip to main content
x

28 May 2020 - 23:35
sportmedia
Статија

Во последните денови се шпекулира дека Лусиен Фавре ќе биде поранешен по завршувањето на сезоната и ќе си замине од кормилото на Борусија Дортмунд. Исто така беше објавено дека Нико Ковач пристигнува на клупата на „милионерите“, но швајцарскиот тренер демантираше.

„Не е вистина дека си одам од Борусија Дортмунд. Имам договор до 2021 година и сакам да го одработам до крај“, рече Фавре за кого веќе имаше шпекулација дека ќе биде сменет после поразот од Баерн, и веројатно уште една загубена титула.

„После поразот од Баерн и јас, и сите бевме разочарани. Но одиме напред“, рече Фавре.

Швајцарецот ја има поддршката и од раководството на „милионерите“.

sportmedia.mk

Најчитани вести