Skip to main content
x

28 May 2020 - 23:05
sportmedia
Статија

Е.Пелистер ја продолжи соработката со голманот Благојче Трајковски на уште една година. Битолскиот тим кој има големи амбиции во следната сезона, ќе мора да создаде квалитетен состав доколку сака да добие вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите.

Искусниот чувар на мрежата сигурно ќе добие нов соиграч, откако Никола Митревски си замина, се очекува битолската управа да се погрижат да ангажираат соодветно засилување. СПОРТМЕДИА објави дека Мирко Алиловиќ е желба на Е.Пелистер, но останува да видиме дали ќе успее да го придобие.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести