Skip to main content
x

28 May 2020 - 22:35
sportmedia
Статија

Во големото дерби на Бундес 2 лигата, и тоа меѓу Штутгард и Хамбургер, Македонецот Дарко Чурлинов одигра десетина минути за домашниот состав.

Тој влезе во 78. минута на теренот на празната “Мерцедес Бенц Арена“, во меч кој заврши со резултат 3:2. Дарко во 85. минута имаше супер шанса за гол. По одличниот продор, тој добро шутираше, но гостинскиот голман ја спречи радоста на Македонецот.

Интересно, гостите од Хамбург на пауза заминаа со водство од 2:0, и тоа со головите на Похјанпало и Хант, но во 47. и 61.минута тимот на Чурлинов израмни на 2:2, и тоа со погодоците на Ендо  и Гонзалес.

Целосниот пресврт се случи во 90+2.минута кога домашните преку Кастро дојдоа до победата.

sportmedia.mk

Најчитани вести