Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, откри досега непознати детали од преговорите со државите за повлекување на признавањето на  Косово.

Како што рече, Дачиќ добил закани од претседателот на Алијансата за ново Косово (АНК) и членот на Собранието на Косово, Беџети Пацоли, а ги спомена и тешкотиите со кои се соочувал за време на преговорите.

Не е многу гламурозно да се биде министер за надворешни работи. Ги брзате државите да го повлечат признавањето на Косово, а од друга страна добивате закани од Албанците, конкретно добив закани од Пацоли, дека тој ќе ме ликвидира, затоа што јас ја загрозувам неговата работа рече Дачиќ во емисијата „Гламур специјал“

Најчитани вести