СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р. (33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 21.09.2018 на ул.„113 ’’ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и возилото кое го управувал при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Н.(33) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 05.08.2019 на ул.„Д.Г.Кара’’ во Тетово, полициски службеници го забележале пријавениот со уште две лица и при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Најчитани вести