Освен што примил 50.000 евра за консултантски услуги од македонска компанија, поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев лани примил и 80.000 австралиски долари од австралиска компанија, кои исто така не ги пријавил во анкетниот лист, пишува најновиот број на неделникот Фокус.

Како што беше објавено пред две седмици, Управата за финансиско разузнавање го известила Обвинителството за организиран криминал дека Дончев примил околу 3 милиони денари од компанијата регистрирана во струмичко Муртино за интернет-портали „Ремаркет“, која пак се финансирала исклучиво од австралиската компанија „Мегантик“.

Притоа, од австралиската компанија тврдеа дека парите му биле исплатени за консултантски услуги од типот на „маркет потенцијал, операционална процедура и подобрување на бизнис-процеси и интергирани смектоводствени системи“ во периодот од 2013 до 2018 година, со тоа што, објаснуваа од таму, само во 2018 година му исплатиле на Дончев средства во вид на плата преку македонската компанија, бидејќи тој тогаш бил во Македонија.

Меѓутоа, новите сознанија на Фокус  говорат дека Дончев примил пари во износ од 80.000 австралиски долари директно од австралиската компанија и во 2019 година, иако тогаш, исто така, тој бил лоциран во земјава, а консултантски услуги давал до 2018 година?!

Целиот текст на Фокус

Најчитани вести