Кај еден од двајцата пациенти е отфрлен пресадениот бубрег, потврди за „Утрински бифинг“ д-р Сашо Дохчев.

- За жал, вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме. За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во крвта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата и таа е добро. Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот беше помалку вреден. Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.

Најчитани вести