„Новата нормалност“ е пред 8 дена владата да бара 30 дена вонредна состојба и до сабајлево да не држи во куќен притвор, а сега да прогласува дека сме најјаки на свет во справување со корона.

„Новата нормалност“ е да сме во врвот на Балканот според жртви на еден милион жители и да се фалиме дека сме најјаки.

„Новата нормалност“ е предизборен поткуп да се нарекува помош, општинскиот поткуп да се нарекува барање за донации, а рекетирањето бизнисмени преку суд да се нарекува „нудење поткуп од бизнисмените“.

„Новата нормалност“ е да се оди против референдумската волја на народот и преку „сите можни средства“ да се издејствува промена на име на Република Македонија.

„Новата нормалност“ е да потпишуваме договор според кој ако не го предадеме и продадеме Гоце Делчев ќе имаме вето за влез во ЕУ.

„Новата нормалност“ е Претседател на држава да спроведува туѓа империјалистичка политика на дело и да не оди ниту на гробот на Гоце, ниту беден статус да му пише.

„Новата нормалност“ е да молчат сите кога околните политичари бришат под со нашиот идентитет.

„Новата нормалност“ е екс-премиер да каже дека сме „един с'шт народ“ со луѓето кои велат дека Тито не' измислил во 1945-та.

„Новата нормалност“ е да елиминираш делови од АСНОМ од Уставот.

„Новата нормалност“ е кога немаш (ден денес!) датум, 15 пати да кажеш дека имаш.

„Новата нормалност“ е ВиРусот во правосудството да ти помага во политиката со #ТрасТрас методи и политички прогони кон противникот и да не процесуира очигледни инкриминирачки дејствија на „твоите“.

„Новата нормалност“ е кога ти даваш пари на медиуми, тоа да не е поткуп, туку помагање.

„Новата нормалност“ е кога ќе ветиш дека ќе ја дознаеме вистината за Смилковско/Тамара/Нешковски/Диво Насеље/Младенов, потоа да не се сеќаваш што си ветил.

„Новата нормалност“ е да ветиш дека ќе го продадеш Мерцедесот за да купиме амбулантни возила, а после да набавиш уште еден.

„Новата нормалност“ е да правиш прес-конференција дека мерцедесот бил гребан од мачки.

„Новата нормалност“ е да направиш трло среде плоштад и после 10 дена да мозгаш како да наредиш 15 плочки (криво) низ тревата.

„Новата нормалност“ е да излегуваш на ЛГБТ маршеви, а после да кажеш „нека ми простат, но нема еден ПЕДЕР да ми сруши влада“.

„Новата нормалност“ е новинарите кои не ти се по мерка да се суетни или - процесуирани од ВиРусот во правосудството.

„Новата нормалност“ е ако криумчарел цигари, да добие лиценца за марихуана.

„Новата нормалност“ е градоначалник да се фали дека работел во МВР и ги слушал луѓето, да заклучува луѓе во канцеларија и да ги тепа или да врши мобинг врз хигиеничарки.

„Новата нормалност“ е да не можеш да доброиш се бидејќи на секои 3 саати има некој нов „бисер“ поради каков Монти Пајтон станува бесмислен документарец за Македонија, а не сатирична емисија.

„Новата нормалност“ е НЕ-НОР-МАЛ-НОСТ.

И затоа нема да трае уште долго. Ако навистина заслужуваме држава.

Богдан Илиевски

Најчитани вести