Бугарската академија на науките објави книга во која се вели дека бугарските корени на јазикот се наоѓаат во областите од Дунав до Гевгелија и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид. Здружението „Спона“ од Македонија го извести САНУ за да реагира. Накусо, Бугарија тврди дека освен македонскиот, и спрпскиот јазик е со бугарска основа.

Д-р Виктор Савиќ од Институтот за српски јазик на САНУ и Одделот за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград за ТВ Прва изјави дека српскиот јазик, како и сите словенски јазици, потекнува од протословенски и дека во времето кога се формирало српскиот јазик, Бугарите воопшто не биле Словени. .

Тој изјавува дека Бугарите дошле на Балканот подоцна од Србите и дека во тоа време тие припаѓале на турска група на луѓе, како и на некои други номади кои минувале низ овие делови.

Србија секако, за разлеика од нас, нема да прифати документ на кој ќе се потпише дека со Бугарија делат ист јазик и историја.

Најчитани вести