„Кабинет на МНР“ - вака се потпишал шефот на македонската дипломатија за време на онлајн конференција со колегите од Западен Балкан, на која беше домакин со грчкиот колега Никос Дендиас.

Оние кои ја следеле конференцијата реагираа на социјалните мрежи, нагласувајќи му дека дури и новото име на државата е подобро да стои отколку понижувачкото „кабинет на МНР“.

Се срами ли министерот од името што произлезе од спорниот Преспански договор? Овој потег на Димитров предизвика бура од негативни реакции.

-Димитров еден ден ќе мора да одговара за сите понижувања што и ги направи на Македонија низ светот. За загрозување на независноста, казната изнесува до пет години затвор, реагираше професорот Димитар Апасиев.

За разлика од него, останатите министри од Балканот се потпишани со име и презиме и државата која ја претставуваат, или со министерството и државата. Хрватскиот претставник ги потпишал неговото име и презиме, а истото го направиле и претставници од поширокиот регион.

За да биде иронијата уште поголема Димитров, на социјалните мрежи самиот ја постирал заедничката фотографија од конференцијата, а малку потоа се пофалил дека НАТО ја поправил грешката од неодамна кога на официјалниот сајт на Алијансата кај графата националност пишуваше „граѓани на Република Северна Македонија“. Вреди да се спомне дека и таа реакција на министерот следеше дури откако јавноста се спротистави на ваквото претставување.

Зошто се поздравува НАТО за поправената грешка истовремено кога министерот избегнува да се претстави во која земја е шеф на дипломатијата?

Најчитани вести