Полициски припадници на единицата за брзо распоредување во текот на денешниот ден го уапсиле лицето Ч.Р. кое пред повеќе од четири месеци избегало од штипскиот затвор.

Станува збор за лице кое било осудено на казна затвор за кривично дело силување, при што од казната биле преостанати од 3,5 години.

Полициски извори брифираат дека при апсењето лицето пружило отпор, но од страна на полициските службеници лицето совладано по што било спроведено во штипскиот затвор.

Најчитани вести