Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска изјави дека ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба. Партиите, според него, имаат прилика да се договорат кога ќе има избори, а тие е најдобро да се случат со консензус.

- Има две големи контрадикторности кај ВМРО – ДПМНЕ, од една страна критикуваат како лошо се менаџира кризата, а ВМРО-ДПМНЕ излезе со формално барање за намалување на мерките, што едно со друго не оди. Освен ВМРО-ДПМНЕ никој друг не зборува против избори. Второ, за роковите, ние имавме иницијатива да се соберат пратениците чиј мандат се уште трае, ама не работат, иако земаат плата.

Тврдам дека Парламентот требаше да се собере, а опозицијата не сака Парламент, ама не сака ни избори. Јасно е, ако до 30 мај нема договор за избори, ние ќе мораме да ја продолжиме вонредната состојба. Имаме секој ден нови заразени, тоа е факт, но далеку сме од претходните недели. Граѓаните не може да се водат од интересите на една партија. Затоа имаме прилика да се договориме кога ќе имаме избори, изјави Манчевски за Сител.

Најчитани вести