Skip to main content
x

23 May 2020 - 12:35
sportmedia
Статија

Поранешниот фудбалер на ОФК Београд и репрезентативец на соседна Србија, Миљан Мрдаковиќ денеска според локалните медиуми извршил самоубиство.

Полицијата засега не го објавува неговиот идентитен и само констатира дека маж на 38. годишна возраст си го одзел животот во сопствениот стан во центарот на Белград.

Според информациите и првичната изјава на неговата девојка која што била со него, Мрдаковиќ се разбудил утринава, седнал на креветот и изговор „не можам повеќе“. Девојката побегнала од станот, побарала помош, но кога таа и полицијата се вратиле во станот телото на Мрдаковиќ било единствено што затекнале. Екс фудбалерот си пукал во главата.

Тој во текот на својата кариера има сменето голе број на клубови како што се Андерлехт, Гент, Макаби Тел Авив,Металист Харков, Викторија Химараеш и многу други, но најмногу се задржа во тимот на ОФК Београд. Беше младински и олимписки репрезентативец на нашиот сосед.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести