Снимката која се појави на социјалните мрежи, а на неа 12-13-годишни деца пеат за дрога и за проститутки, повторувајќи ги зборовите на стиховите од песната „Ух“ на српскиот трапер Девитo, настанала во Македонија, на детски роденден, а родителите биле во истата просторија.

Веќе три години работам во Македонија во клуб за деца и малку по малку станав еден од најпознатите диџеи за деца во цела Македонија, а причина за тоа е што на секое дете му исполнувам желба, рекол диџејот Борјан Илковски (21) за Блиц.

Борјан не сакал да каже во кој град и кога точно настанала снимката, но повторувал дека ги прашувал родителите дали е во ред децата да слушаат што сакаат и дека добил потврден одговор – „само нека играат и нека пеат“.

Спорната песна која на Јутјуб од крајот на јуни до сега има повеќе од 8,5 милиони прегледи ја снимил изведувачот Девито.

Најчитани вести