Шеикот Мохамед Мутумба (24) од Уганда е суспендиран од должностите како имам во џамија во Кајунга, откако неговата сопруга, со која беше во брак две недели, беше фатена како краде телевизор од кај соседите.

Сепак, кражбата не била причина за суспензијата на Имамот, туку шокантното откритие дека неговата сопруга, Свабула Набукера, всушност била маж.

Мутумба не знаеше ништо за вистинскиот пол на неговата сопруга, а веста го скршила. Тој беше отстранет од должноста од властите кои сметаат дека треба „зачуваат интегритетот на својата вера“.

Мутумба и неговата „невеста“ се венчаа минатиот месец. Фотографиите направени на настанот покажуваат како се смешкаат младенците, опкружени со роднини и пријатели. Сведоците изјавија  дека биле измамени од гласот и однесувањето на „младите“.

„Имаше сладок глас и зборуваше како жена“, рече еден од гостите на свадбата, додавајќи дека слушнал дека Мутумба се пожалил по четири дена брак, бидејќи неговата сопруга не сакала да се собле додека спиеле.

Кога не бил дома Набукера секогаш носела хиџаб или традиционален фустан од гомеси, што не предизвикало сомнеж. Тој исто така ги извршувал сите свои вообичаени должности, како што се готвење, чистење и алишта, така што Мутумба не се сомневал.

Вистината излезе на виделина кога „сопругата“ на имамот се обиде да украде ТВ и облека од соседите. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, ја пребарала да види дали таа скрила нешто, а потоа откриле дека станува збор за маж.

Подоцна признал дека неговото вистинско име е Ричард Тумузабе и дека се оженил со шеикот Мохамед Мутумба за да се обиде да  му ги украде парите.

Мутумба ја запознал својата „невеста“ преку тетка која живее во едно село, а за „невестата“ платил мираз, во кој биле вклучени две кози и две вреќи шеќер, меѓу другото.

Најчитани вести