Во клиниката Нојперлах во германскиот град Минхен, пациентка од коронавирус била погрешно прогласена за мртва, пренесува RTL.de

Од болницата ја сфатиле грешката два дена подоцна, откако ја известиле сестрата на пациентката, кој веќе му кажала на нејзиниот 11-годишен внук дека неговата мајка починала.

„Ме повикаа назад од клиниката и ми рекоа дека е недоразбирање и дека сестра ми не е мртва и се чувствува добро“, изјави сестрата на пациентката Андреа за локалните медиуми.

Од болницататврдат дека се случила грешка во администрацијата и се извиниле.

"Клиниката длабоко се извинува за оваа трагична грешка. Ги сменивме процедурите за внатрешна комуникација за да не ни се случи повторно во иднина ", изјавил нивниот портпарол за РТЛ.

Најчитани вести