Кризата со коронавирусот доведе до пад на вредноста на играчите како во цела Европа така и во Македонија. Сепак се чини дека ова е најмногу изразено во таборот на нашиот шампион. Ако некогаш Шкендија вредеше, како тим, и блиску 10 милиони евра, сега вреди само 5,4 милиони. Ако некогаш Шкендија, според Трансфермаркт, имаше играчи што вредат еден милион, па 800.000, како на пример Хасани, Фелипе, Муслиу, сега во редовите на нашиот првак нема ниту еден што вреди барем 500.000 евра или повеќе.

Најмногу вредат Агим Ибраими, Арлинд Далку и Гледи Мици, и тоа по 475.000 евра. Уште еднаш да кажеме, падот нав вредноста покрај другото е и поради кризата со Ковид-19.

Пострашно за Шкендија е што во моментов меѓу тројцата највредни играчи во ПМФЛ, односно во нашата елитна лига, нема никој од тимот на актуелниот првак. Најскап е Даниел Аврамовски од Вардар, и тоа со цена од 650.000 евра, додека Леовигалдо Жуниор, исто од Вардар, вреди 550.000 евра. Трет или на делба на второто место на листата на најскапи играчи во ПМФЛ е офанзивецот на Академија Пандев, Љупче Дориев. Неговата вредност според Трансфермаркт изнесува 550.000 евра. 

Сепак и покрај тоа што во своите редови ги има двајцата највредни играчи во Лигата, Вардар севкупно заостанува зад Шкендија според Трансфермарт. Вредноста на скопските „црвено – црни“ е 4,75 милиони евра.

Најчитани вести