Skip to main content
x

23 May 2020 - 11:55
sportmedia
Статија

Сопругата на Босанскиот интернционалец Сеад Колашинац, Бела, имаше непријатност на Лондонскиот Аеродром. Сакајќи да се качи во приватниот авион, била застаната од обездувањето и кај неа било пронајдено ни помалку ниту повеќе туку оружје.

Причина за ова било секако ситуацијата со неговиот сопруг кој пред извесно време беше нападнат од развојници, а сега има сериозно обезбедување околу него.

Бела Колашинац не сакала да има обезбедување околу неа туку се одлучила сама да се брани со оружје. Се работи за пиштол за струја, кој нормално може да биде сериозно орудие при евентуален напад.

Британската полиција вели дека за ваков прекршок казната е шестемесечен затвор, но Бела Колашинац овојпат минала само со опомена.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести