Skip to main content
x

23 May 2020 - 11:05
sportmedia
Статија

Во првиот круг од овосезонската Бундеслига, како „гром од ведро небо“ стигна резултатот од Франкфурт, кога Ајнтрахт го понижи Баерн Минхен со убедливи 5:1. Тоа значеше и крај на ерата на Нико Ковач во тимот на „Баварците“, а сега лидерот и најтрофеен германски клуб „свири друга песна“ со Ханс Дитер Флик. Ајнтрахт доаѓа во добар момент за Баерн, кога тимот е во сјајна форма за да им се одмазди за тој пораз од 5:1 кон крајот на минатата година.

Од друга страна, покрај тоа, Баерн ќе навива и за Волфсбург во дуелот со Борусија Дортмунд. Што и да се случи денеска, „Баварците“ ќе останат лидери, со оглед дека имаат четири бода предност пред Дортмунд, пред нивната меѓусебна пресметка закажана во вторник. Но, традицијата е на страната на „милионерите“ кои од 2013 година немаат пораз од овој противник во натпреварите од Бундеслигата. Згора на тоа, Дортмунд силно го почна продолжувањето на шампионатот со 4:0 триумф над ривалот Шалке.

Борусија Менхенгладбах на домашен терен го чека Баер Леверкузен. Овие два тима се фаворити од сенка за титулата, а заедно со Баерн и со Борусија Дортмунд најсериозни кандидати за ЛШ идната сезона. Интересен е податокот што на последните 12 средби меѓу овие два ривали, секогаш имало победник, а на последните 29 меча никогаш не било 0:0.

Нема друг избор за Вердер Бремен освен победа над Фрајбург денеска, ако сака да ги задржи шансите за опстанок. Пораз за „зелените“ ќе значи уште подлабока криза, и се чини веќе испаѓање во „цвајте“. Додека Фрајбург е „цврсто“ на средината, со можност да врзе некоја победа и да се бори за горниот дел и излез во Европа.

Падерборн на свој терен го чека Хофенхајм, тим кој што беше шокиран од Херта и тоа на свој терен на почетокот од „рестартот“.

БУНДЕСЛИГА 27. КОЛО (15:30 ч.)

Борусија М. – Баер Л.

Фрајбург – Вердер

Падерборн – Хофенхајм

Волфсбург – Борусија Д.

Баерн М. – Ајнтрахт Ф. (18:30 ч)

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести