Skip to main content
x

23 May 2020 - 10:45
sportmedia
Статија

Кон крајот на идниот месец треба да се знае дали Манчестер Сити ќе може во следните сезони да игра во ЛШ или не. Имено “граѓаните“ ангажирале адвокатски дрим-тим, и се надеваат дека на судот во Лозана ќе ја “добијат“ правдата, барем такви се нивните надежи.

Е сега ако успеат во тоа, тогаш конкурентите на Сити во Англија, но и во Европа треба да се замислат. Имено Пеп Гвардиола сигурно ќе остане на клупата, и заедно со своите со шеиците кои се газди на Сити, ќе тргна во купување на неколку екстра квалитетни играчи.

Пред се тоа се Семедо (Барселона), Хаверц (Леверкузен), Бенасер (Милан), Чилвел (Лестер), Кулибали (Наполи)…

Во случај Пеп да успее да оствари барем дел од своите намери, тогаш јасно е дека ќе има посилен тим од сегашниот.

Но рековме, се завиди од судот во Лозана. Во случај казната за неиграње во ЛШ да остане, е тогаш се е можно во таборот на “граѓаните“, па дури и Пеп да си оди, како и Де Брујне, Агуеро и останатите ѕвезди на клубот од “Етихад“.

sportmedia.mk

Најчитани вести