Виктор Грозданов вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ посочи дека 1ТВ е длабоко поврзано со СЈО. И 1 ТВ е финансирана од парите од два случаи и тоа „Труст“ и „ТНТ“.

„На целата јавност сакам да и објаснам дека создавањето на 1ТВ е длабоко поврзано со СЈО. И тоа преку два случаи тоа е „Труст“ како преку овој случај е уништена фирмата „Трансмет“ и со тие пари ¾ е финансирана 1ТВ, тоа е првата инјекција. Вториот дел е преку случајот „ТНТ“ кој што е со Фиат Цановски од каде што е пуштена последната четвртина од средствата“, појасни Грозданов.

Грозданов додаде дека фирмата „Дримбилдинг“ исплатила 260.000 евра на Јасна Мандиќ. Јасна Мандиќ е една личност која што поднела професионален проект до фирмата „Дримбилдинг“. А, Андриа Мазовски е зет на Фиат Цановски. Токму тој има исплатено 260.000 евра кон Јасна Мандиќ, која што му поднела авторски проект и таа ги прима парите, а во тој проект пишува дека ќе се градат старски домови од кои што едниот старски дом се наоѓа во Општината Карпош, каде што моменталниот градоначалник потпишал меморандум за соработка.

Најчитани вести