Skip to main content
x

23 May 2020 - 9:55
sportmedia
Статија

Русија е најновата селекција која најави дека ќе бара вајлд-карта за учество на Мундијалот во Египет идната година.

Ова не е добра вест за нашата селекција, со оглед на фактот дека конкуренцијата сега е поголема.

Освен Македонија и Русија, вајлд-карта бараат уште и Полска, Црна Гора и Србија.

Светската ракометна федерација во ноември треба да донесе одлука околу вајлд-картите.

Македонија остана без настап на СП во Египет откако се откажаа баражите. Македонија требаше да игра со Франција.

sportmedia.mk

Најчитани вести