Skip to main content
x

23 May 2020 - 9:05
sportmedia
Статија
 

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем кој лани сензационално го предводеше тимот до финалето во Лигата на шампионите, и натаму е без ангажман откако доби отказ од лондонскиот тим.

Тој во интервју за „Гардијан“ откри еден многу интересен детал. Имено, бил сигурен дека ќе го наследи Мурињо на клупата на Реал Мадрид, но наместо тоа се случило Португалецот да го наследи него на местото на Тотенхем.

„Кога беше тренер во Реал Мадрид, имав желба да го наследам и бев сигурен дека тоа ќе се случи. Но, гледате, работите се сменија. Тој мене ме наследи во Тотенхем. Неверојатно, нели?“, вели Покетино кој изрази задоволство што Мурињо седна на неговото место.

„Секако дека сум среќен што ме замени во Тотенхем“, рече Покетино.

sportmedia.mk

Најчитани вести