Skip to main content
x

22 May 2020 - 22:25
sportmedia
Статија

Екипата на Херта со 4:0 го совлада Унион во берлинското дерби од 27 коло во Бундес лигата. Сите голови паднаа во второто полувреме. „Сино-белите“ во период од 10 минути постигнаа три гола и ја отворија вратата кон победата. Прво Ведад Ибишевиќ погоди, по него мрежата ја затресе Лукебакио, па Куња (за овие два кола асистент беше Ибишевиќ).

Во 77 минута мрежата на Унион ја затресе и Бојата и така Херта ја впиша деветтата победа во шампионатот, додека Унион 15-тиот пораз.


sportmedia.mk

Најчитани вести