Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте, кој светската слава ја стекна со хитот „Yeke yeke“, почина денеска, на 71-годишна возраст, соопштил неговиот син Бала Канте. 

Канте придонесе во зголемување на популарноста на африканската и гвинејската музика во светот, а неговиот хит „Yeke yeke" беше издаден во 1987 година и за кратко време беше продаден во неколку милиони примероци и достигна на врвот на музичките топ-листи во многу земји.

-Канте боледуваше од неколку хронични болести и често патуваше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно поради коронавирусот, рекол неговиот син и додал дека неговата здравствена состојба се влошила во последните денови.

„Yeke Yeke“ инаку значи „Еј, еј“.

Најчитани вести