Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, тврди дека сите во кабинетот, освен опозициската ВМРО-ДПМНЕ, имаат ист став за продолжен полициски час во текот на овој викенд.

Меѓутоа овие тврдења на Спасовски ги отфрли лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Тој во емисијата 10 минути изјави дека во текот на викендот, кога се слави и Фитр Бајрам, не треба да има полициски час и дека овој став во Влада ќе го истакне и Министерот за култура кој доаѓа од редовите на Алтернатива.

„Јас се слушнав со министерот. Тој го штити ставот на партијата, но меѓутоа во Влада одлучува мнозинството“, вели Африм Гаши.

И Спасовски и Гаши овие ставови ги дадоа пред одржувањето на владината седница.

Се уште не се знае кој бил ставот на ДУИ.

Од друга страна ДПА која исто така е дел од Владата, предложи да се земе примерот на Турција, при што за празникот Бајрам, државата одлучи да има забрана за движење во текот на празниот.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува предлогот за продолжен полициски час и тоа го смета како претерана ригорозна мерка.

Извор: ТВ21

Најчитани вести