Skip to main content
x

22 May 2020 - 20:15
sportmedia
Статија

Оваа недела европскиот шампион Вардар ги разбранува водите на трансфер пазарот со доведувањето на неколку нови имиња, но и најавата за контакти и преговори со уште неколку имиња кои можат да го засилат тимот. Како реакција на најавите дека „црвено-црните“ се во преговори за ангажман на ракометарот на Порто, Мигел Мартинс, денеска во португалскиот печат доаѓа информација дека португалскиот клуб не сака да слушне за разделба со 22-годишниот ракометар.

Весниците „Рекорд“ и „О Жого“ пишуваат дека иднината на Мигел Мартинсе кај „змејовите“ со кои веќе има договор до 2023 година. Наводно и самиот ракометар во изјава за весниците потврдил дека сака да ја продолжи кариерата во Порто. Со ова веројатно паѓаат во вода надежите на „црвено-црните“ за ангажман на средниот бек на португалскиот шампион.

sportmedia.mk

Најчитани вести