Страшно невреме го зафати северниот дел на Грција каде улиците личат на реки, a многу домаќинства се без струја. Зафатени со невремето се Халкидики, Солун, Килкис, Серес и Ксанти. Пожарникарите спасиле едно 21-годишно момче на кое невремето му го однело автомобилот.

Медиумите од оваа земја пишуваат дека се забележани 6.700 громови.

Во Пожарникарната бригада во Солун имало повеќе од 100 повици да се испумпа водата од домовите и подрумите.

Најчитани вести