Skip to main content
x

22 May 2020 - 19:05
sportmedia
Статија

Вардар не застанува. Старо-новиот сопственик на актуелниот европски првак, Михајло Михајловски го остварува она што го најави пред дваесетина дена, ги продолжи договорите со дел од ракометарите кои го носеа дресот минатата сезона, истовремено го „освежи“ составот со нови имиња.

Филип Талески е последниот играч кој стави потпис на едногодишна соработка, македонскиот репрезентативец по три години во Бундес-лигата се враќа во Македонија.

Стратегот Стевче Алушовски најголем проблем има на позицијата десен бек, таму го има Томислав Јагуриновски, како и на позицијата среден бек. Планот на македонскиот првак е да донесе уште четворица играчи, по двајца ракометари на споменатите позиции. Засега се преговара со неколку имиња, во меѓувреме не е тајна дека на адресата на Вардар пристигнуваат бројни понуди.

На овој начин „црвено-црните“ ќе имаат и тоа како добар состав за Лигата на шампионите, во која целта е пласман во 1/4 финалето.

СОСТАВ ВАРДАР 

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски, Марко Кизиќ, Робин Кантегрел

ЛЕВИ КРИЛА: Тимур Дибиров, Димитар Димитриоски

ДЕСНИ КРИЛА: Иван Чупиќ, Томислав Јагуриновски

ПИКЕРИ: Глеб Калараш, Стојанче Стоилов

ЛЕВИ БЕКОВИ: Кристијан Дисингер, Филип Талески, Дмитри Санталов.

ЦЕНТРАЛЕН БЕК: Марко Мишевски

ДЕСЕНИ БЕКОВИ: Томислав Јагуриновски

sportmedia.mk

Најчитани вести