Skip to main content
x

22 May 2020 - 18:45
sportmedia
Статија

Ракометарите на хрватскиот вицешампион Нексе доброволно и на своја иницијатива се откажаа од дел од својата плата и средствата решија да ги донираат во Општата окружна болница Нашице. Станува збор за донација во висина од 10.000 евра.

Играчите на тој начин го следеа примерот на нивниот генерален спонзор Нексе груп, кој донираше 1,5 милиони куни за здравствените установи во регионот.

На овој начин, ракометарите имаа можност да и се заблагодарат на болницата Нашице за поддршката, зачувувањето на здравјето и справувањето со спортските повреди во текот на сите години на работење на клубот.

Нексе и покрај околностите поради пандемијата на коронавирусот, нема да ги намали на платите на играчите.

sportmedia.mk

Најчитани вести