Skip to main content
x

22 May 2020 - 17:55
sportmedia
Статија

Како што дознава СПОРТМЕДИА, се чини дека фудбал, оној прволигашки, сепак ќе се игра. Имено клубовите попладнево го изгласале второто сценарио предложено од ФФМ, а тоа е:

–  Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.

За ова сценарио, како што неофицијално дознаваме, против биле само Силекс и Ренова, сепак нагласуваме ова е неофицијално.

Инаку рестартот би започнал на 14 или 17 јуни.

За евентуалното проширување на лигата за следната сезона, дознаваме дека ќе стане збор во текот на наредната недела.

Занчи ФФМ во текот на наредните денови, а крајниот рок е 25 мај, во УЕФА ќе ги испрати својот план за тоа како ќе се одигра сезоната 2019/20.

sportmedia.mk

Најчитани вести