Skip to main content
x

22 May 2020 - 16:25
sportmedia
Статија

Бојан Трајковски за првпат во својата кариера ќе го облече дресот на Пелистер. Македонскиот репрезентативец потпиша две годинишен договор со битолскиот прволигаш, кој сезоната која измина беше пријатно изненадување.

Искусниот центар за СПОРТМЕДИА вели дека за првпат во неговата кариера имал шанса да разговара со луѓе чија визија е поинаква, во кошаркарка Битола се гради долгорочен проект.

„Искрено не се сеќавам кога толку брзо се имам договорено еден тим“, беше првиот коментар на Трајковски, кој потоа продолжи.

„Проектот кој ми беше презентиран ме фасцинираше. Челниците на клубот за кои имам само пофални зборови се големи професионалци, имаат долгорочна стратегија и одлична програма за следните три до четири години. Ќе одиме чекор по чекор, без притисок. Во новата сезона главна цел е пласман меѓу шестте најдобри екипи, сето останато ќе биде премија.

Токму ваквиот проект беше причина без двоумење да ставам потпис на двегодишен договор. Во денешно време ретко кој клуб нуди повеќе годишен договор, или тоа е за пола сезона или пак за една сезона“.

Сон на КК Пелистер, но и на Трајковски е кошарката во Битола да заживее.

„Титула за нас ќе биде доколку успееме да ја вратиме публиката во сала. Добро е познато каква атмосфера имаат фудбалскиот и ракометниот тим. Нема поголем мотив од тоа да играш пред полни трибини, Битола е спортски град“.

Како и сите останати спортисти Бојан се надева дека наскоро ќе биде отворени и вежбалните. Повеќе од два месеци поради пандемијата коронавирус, сите беа затворени во своите домови во кои се обидуваа да ја одржат формата, но сето тоа е поразлично.

„Се надевам дека наскоро ќе се врати нормалниот живот, ќе се отворат и вежбалните па ќе можеме да работиме и подготвени да ги пречекаме подготовките за новата сезона“, рече Трајковски.

sportmedia.mk

Најчитани вести