Таксистот Тревор Бел од Лондон починал од коронавирусот, откако бил исплукан од заразен клиент, кој одбил да плати за возењето.

Според еден пријател на семејството, Дамјан Бригс, а лицето не сакало да плати 9 фунти и тогаш го плукнал таксистот, а потоа му кажал дека имал коронавирус.

„Имам коронавирус, а сега го имаш и ти“

Инцидентот се случил на 22 март во Источен Лондон, пренесува „Метро“.

После тоа, Бел не се чувствувал добро и забележал дека има симптоми на коронавирус.Тој починал на 18 април во болница во Лондон, а тестот утврдил дека бил позитивен на вирусот.

Неколку дена подоцна тој мораше да оди во болница затоа што не се чувствуваше добро. Се бореше три недели, но сепак не успеа да го победи вирусот. Ужасно е што тој беше заразен додека си ја работеше својата работа. Без разлика колку и да беше лош денот, тој секогаш ќе најдеше начин да се насмевне“ - вели Бригс и додаде дека Тревор починал три дена по неговиот 61 роденден, а неодамна станал дедо.

Најчитани вести