Четири општествено одговорни компании од градежниот сектор, обезбедија 85 респираторни машини за потребите на македонскиот здравствен систем.

На овој начин се зголемува бројот на респираторни машини потребни за третман на пациенти во критична состојба.

На примопредавањето на донацијата присуствуваа техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче кои изразија голема благодарност до компаниите кои во услови на здравствено-економска криза го поддржуваат македонскиот здравствен систем, со цел справување со Ковид-19, но пред се – несебично придонесуваат за здравствениот систем да е подготвен за нови предизвици.

Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија и генерален директор на Golden Art, во име на сите четирите компании донатори (Мега Куманово, Golden Art, Акустик ДОО и Греемак) истакна дека корпоративната општествената одговорност е морална обврска на компаниите кои придонесуваат за најнеопходните општествени потреби во услови на пандемија.

извор: Makfax

Најчитани вести