Само 7,3% од жителите на Стокхолм развиле антитела за КОВИД-19, покажа истражувањето на Агенцијата за јавно здравство, што ги зголеми грижите дека опуштениот пристап на Шведска кон коронавирусот не го гради групниот имунитет како што се очекуваше. Во Данска, која за разлика од Шведска применуваше строги мерки на карантин и оцијална дистанца процентот на луѓе кои стекнале имунитет и антитела е уште пкмал, само 2%, и според тамошните експерти тоа е разочарување кое настанало токму заради строгите мерки и изолацијата.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека овие бројките се помали од она што се очекуваше, но додаде дека тие ја одразуваат ситуацијата од пред неколку недели, верувајќи дека досега, околу 20% жители на Стокхолм го фатиле вирусот.

Агенцијата за јавно здравство досега предвидуваше дека 25% од жителите ќе бидат заразени до 1 мај.

„Групниот имунитет е опасен и нереалистичен пристап. Мислам дека уште сме далеку од него, ако некогаш и го постигнеме“, изјави Бјерн Олсен, професор по инфектологија на универзитетот во Упсала.

Минатиот месец, официјални лица проценија дека една третина од населението на Стокхолм ќе развие антитела за коронавирус до почетокот на мај, заклучувајќи дека до средина на јуни ова ќе порасне на 40-60%.

Потпирајќи се на тоа дека населението ќе се однесува одговорно, Шведска само ги затвори училиштата за децата над 16 години и забрани собири со повеќе од 50 луѓе, а сите други мерки беа препораки, а не наредби.

Најчитани вести