Почина српскиот фолк пејач од постарата генерација Мирослав Радовановиќ, кој ќе остане вечно запаметен по неговиот голем хит од 1973 година „Ти си жена мог живота“ , кој подоцна стана евергрин, песна која ја пееjа и се’ уште ја пеат многу генерации.

Многу од неговите колеги се збогуваат со фолк легендата преку социјалните мрежи, меѓу кои и познатиот  пејач Мирољуб Брзаковиќ – Брзи, кој во својот пост како последно збогум напишал:

„Замина во вечноста уште еден мој драг колега, а јас имав задоволство да го запознаам и лично, пред неколку години на снимањето на новата програма на ТВ Браничево, ако се сеќавам добро и уште при  првиот контакт со него почувствував дека тој е добар и чесен човек… Остануваат некои песни како оваа што ги снимил во 1973 година, што ќе се пеат додека постојат луѓето и светот“ – напишал Брзи во својот пост.

Најчитани вести