Народот вели, ‘‘ не можеш толку да ме дупиш, колку што можам ја да издржам‘‘. Зошто јас знам да правам ‘‘финти ‘‘ дур ме работиш! Во земја на Итар Пејо, во кој архаизмичниот начин на говор е дифолт, примам се некакви епитети дека сум прост, вулгарен, недоделкан, а тоа генерално го добивам од луѓе кои вкусот на прашината од скопскиот асфалт почнале да го чувствуваат ‘‘од завчера‘‘. Нивен проблем де. Овде не се зборува простачки. Овде се зборува автентично – ‘‘скопски‘‘!

Имено, коронава дојде таман да создаде атмосфера во која секој може да се вади ако згрешил, затоа што амбиентот на ‘‘а, бе вонредна состојба е‘‘ дозволува поголема импровизација на оправдувања од некој саксафониста на ‘‘Skopje Jazz Festival‘‘. Од нависоко државно ниво – до комшијата кој едвај чекал да не ти вика ни здраво.  Така се создаде покрај општата депресија и страшно добра ‘‘импресија‘‘ за оние што добро знаат да профитираат по одредени основи.

Корона дневна политика!

Иако генерално државната политика не смее да се оддалечува од зацртаниот пат, виртуозноста на пронаоѓање причини за различен вид на потези во дневната политика доживува ренесанса. Секаде каде што е потребно короната се користи како ‘‘Vegeta‘‘, за да се добие на шмек дека тежината на одлуките е од круцијално значење, небаре со тешко срце поинаку би се одвивале нештата. Време во кое како печурки излагаат некои нови ликови кои мислат дека се “ Aut Caesar –Aut Nihil ( после мене потоп). Време во кое на секоја будала можеш легитимно да му простиш ако ти каже ‘‘ дојди после кризава‘‘. Тоа и не е толку страшно на обично улично ниво. Народ си е народ, а у народот има ‘‘шта ти душа хоче‘‘! Проблемот е она што нија крои судбината, а тоа е нивото на политика, одлуки, мерки, санкции, а неретко и јавни ‘‘ општо ментални мастурбации‘‘. Нешта што мултикомплексно рефлектиаат на моето, твоето, неговото скојдневие.

‘‘Кој ти бре курац?!‘‘, велат Србите. Не ми даваш за Бајрам да одам на гробот а татко ми, а сакаш да извадиш цела Македонија на избори, а за само околу триесетина дена кога по твое, ‘‘короната може лајна да јаде‘‘. Кого бре јебеш у мозак!? Во едно секојдневие во кое бездруго сум ти како граѓанин само статистичка бројка, не ти давам да ме манипулираш за свои политички потреби. Јас како граѓанин, или имам или немам свест. Пеки, маска, дезинфекција, растојание, избегнување на група, се е тоа на ниво на кое колку и да ме бомбардираш со пропаганда, ЈАС сум тој што или има или нема мозак.

Корона феноменот дојде ‘‘ко кец на једанаес‘‘ во системот. Огромна бројка на горливи теми се стави ‘‘ под тепих‘‘. Поради короната?! Ма, јок! Поради неспособноста да се најдат решенија, поради несакањето да се стави крај на феномените околу кои маса политичари ‘‘сркаат чорба како лешинари‘‘, а знаете зошто? Затоа што реално, барем две третини и реално се само лешинари. И тие истите ја користат короната како презерватив додека ме онакват во социјалното секојдневие.  Релацијата граѓанин – држава е затворен круг. Велам круг. А не квазар. Ако имаме геометриска фигура со триста агли, повторно сме некаква затворена целина, ама гледај барем аглите да не бидат ‘‘ остри‘‘, удираат у ребра бе друже.

Корона феноменот стана универзален катализатор да се контролира сегашноста, но и да се креира иднината. Барем среднорочно. Ете, политичките партии си го употребуваат тој феномен према потребите. Јебеш логика. Не барај! Ни Доналд Трамп не се откажува од употребата на феноменот за цели кои врска немаат со суштината. Па кој сме ние!сссс Ние сме Ел Дорадо за ментална јебачина во која Короната е лубрикант. А бе, да бараа не можеа да најдат боља заебанција политичарите за да дупат народ. ‘‘Корона ми е, двор ми е‘‘ е работава.

Нејсе. ‘‘ Коме је суџено да га јебу, њему гаче саме падају ‘‘ е работава. Да и се вратиме на реалната состојба. Што вели таа? Таа вели дека во сите комбинации не постои идеална заштита од вирусот. Но, тоа не значи дека вирусот може да биде не само биолошки, туку и социолошки, општествен и круцијален манипуланс. И во други држави пандемијата си е пандемија ама општеството си е општество. На народот не му трпи ни слободата, ни бутурот. А богами ни релацијата граѓанин – држава. Пропагираме ‘‘кратка и специфична‘‘ кампања за избори. И повторно, ке прашам онака нај уличарски ‘‘ кој ти бре курац‘‘!? Па таа наголемо веќе се одвива. Како? Така! Треба некој да ви црта? Популизам!?! Не мега туку ‘‘ гига‘‘! Среќо моја ќорав народе.  Да ја немаше коронава, требаше да ја измислиме. Како инаку ке дупеше кој кого сака и како сака. Почнувајки од дома, на улица, во општеството, регионално, глобално....

А, после се, бездруго ке биде она... ‘‘ наздравје бричење‘‘...!

Агим Јонуз

Најчитани вести