Во овој период од годината јагодите ги има во изобилство, па освен што може да ги консумирате свежи од нив може да приготвите и разно-разни деликатеси. Еден од нив е сладоледот за кои ви се потребни само три состојки.
Потребни состојки:
- половина литар јогурт
- 300 г свежи јагоди
- 2 шолји слатка павлака
Начин на приготвување: 200 грама од јагодите ставете во блендер додека не добиете мазна пире смеса. Потоа додадете го јогуртот и матете заедно. Слатката павлака матете ја 3 до 5 минути и потоа во неа додадете ја смесата со јаготките. На крајот исечкајте го остатокот од јаготките на ситни парченца, па се измешајте заедно и смесата ставете ја во замрзнувач да стои околу 4 часа