Интернет-криминалците нудат крв што, наводно, била дарувана од пациенти излечени од Ковид-19 преку дарк тајната интернет мрежа како „пасивна вакцина против вирусот корона“, објави американската мрежа АБЦ Њуз.

Ова го откриле група истражувачи од австралискиот национален универзитет кои се занимавале со проблемот на компјутерски криминал за време на пандемијата, а истражувањето го објавило австралискиот институт за криминологија.

Крвта е само една од неколкуте стотици производи поврзани со вирусот корона, кои се нудат на дарк мрежата, меѓу кои најчести се заштитната опрема и средствата за кои постои основано сомнение дека се украдени од продавници или аптеки.

Една доза „крв со антитела на вирусот корона“ се нуди по цена од 25 илјади долари.

Најчитани вести