Овен

Работите нема да се одвиваат како што сакате, па малку ќе бидете напорни бидејќи како и секогаш, сакате работите да се како што вие ќе замислите. Тоа за овните е лекција – наместо да се буните и расправате, пробајте едноставно да ги пуштите работите да одат по својот тек. Тоа што не е до вас, туку до партнерот, можете да го постигнете само со љубов и поддршка. Слободните овни ќе бидат малку агресивни во изразувањето на своите чувства и ќе бараат нешто, но ретко кога ќе бидат директни во однос на тоа. Пробајте да се опуштите и да видите како ќе се случуваат работите, без да пробувате постојано да туркате напред.

Бик

Овој месец доаѓа искушение за биковите кои се во врска. Можна е афера надвор од врската или бракот која само ќе ви го искомплицира животот, а и нема да успеете да ја надминете лесно, ако решите да се впуштите во неа. Запрашајте се дали возбудата е поважна од тоа што имате да го изгубите. Слободните бикови исто така би можеле да се заплеткаат во емоционални компликации – можеби ќе се најдете во паралелна врска, не сфаќајќи ја сериозно од почеток, но тоа може да биде помалку забавно одошто мислите. Бидете искрени кон себеси и пробајте да си дадете одговор дали е ова тоа што вистински го сакате.

Близнаци

Промените на личен и љубовен план се случуваат мошне брзо за вас, а веќе не сте ни сигурни дали тоа ви одговара. Најдете време да размислите за да откриете што е тоа што го сакате. Избегнувајте ги непотребните кавги во врската кои нема да ве однесат никаде. Слободните близнаци ќе уживаат во динамичен период и ќе се трудат да надокнадат за период кога беа заглавени дома поради пандемијата. Полни сте со енергија, добро расположени и шармантни, така што ќе ви годат можностите кои ви се нудат.

Рак

Во партнерот ќе ја најдете поддршката која ви е потребна, но важно е да не ги криете своите чувства и евентуални незадоволства, доколку ги имате. Искрено и отворено кажете што ве мачи. Тоа ќе ви помогне да се изборите со кој било проблем и да го имате. Слободните ракови имаат интензивна потреба да се зближат со некого. Ви недостасува нежност и поддршка, но не брзате да почнете врска со првата личност која ќе се појави во вашиот живот. Чекор по чекор.

Лав

Во партнерските односи настапува период на решавање на проблемите кои се наталожиле и за кои досега немавте трпение, но ни капацитет. Се чувствувате стабилно и сакате да се посветите на врската, но сакате и време за себе. Слободните лавови ќе се соочат со разрешување на незавршените прашања и односи, па можно е да се појави бивш партнер и повторно да стане актуелен. Можеби ова е нов почеток. Бидејќи и двајцата сфаќате дека убаво функционирате заедно.

Девица

Ако можете со партнерот да се договорите и да го усогласите тоа што е важно, ова ќе биде добар период. Ако ви е тешко да правите компромиси, можеби и не треба да сте во оваа врска. Време е да покажете толеранција, за да го сочувате мирот и стабилноста, не правете драми, бидејќи не е време за тоа. Ако не сакате да сте дел од оваа врска, заминете си. Слободните девици ќе бидат нетрпеливи на ова поле и ќе сакаат да побрзаат и утврдат дали некој однос ќе се развива онака како што тие сакаат. Не сакате да губите време, но всушност треба да одите чекор по чекор. 

Вага

Партнерот би можел да ве обвини за тврдоглавост овој период, бидејќи држите до своите ставови и никако не попуштате. Можеби е време да дозволите другата страна да запознае еден друг дел од вашата личност, а тоа е мирољубивата страна и подготвеноста за компромиси. Слободните ваги имаат потреба да се препуштат на чувствата. Сепак, бидете внимателни кого бирате покрај себе бидејќи тоа може да ви го закомплицира животот. На една личност и значите многу, но некако како да сте слепи пред неа.

Скорпија

Романтичен период за скорпиите и партнерските односи. Ќе бидете доволни еден на друг, ќе чувствувате размена на енергии и вашиот однос ќе биде на одлично ниво. Склони сте кон големи гестови, а партнерот е поласкан од таквото однесување. Слободните скорпии ќе бидат многу чувствителни овој период што може да ги вплетка во мали компликации, со луѓе кои не го доживуваат контактот со нив на некој посебен начин. Можни се мали разочарувања, но ова ќе биде возбудлив период за вас.

Стрелец

Ќе водите смислени и длабоки разговори со партнерот, па интелектуалниот дел од вашиот однос ќе биде на прво место, а тоа многу ќе ви годи. Можеби ќе почнете и поинаку да ја доживувате саканата личност, за што ќе бидете пријатно изненадени. Чувствувате како се менуваат работите на подобро. Слободните стрелци ги очекува судбоносна средба. Излегувајте, движете се, патувајте (ако постојат услови за тоа). Кога ќе ја сретнете оваа личност, веднаш ќе ја препознаете.

Јарец

Во партнерските односи е потребна смиреност, важен е тонот во комуникацијата бидејќи партнерот реагира на вашите зборови, а тие се студени иако можеби не сакате да е така. Можете да постигнете многу, но само ако љубезно замолите и го зачините тоа со нежни гестови и изјави на љубов. Ѕвездите ги предупредуваат слободните јарци на неочекувани ситуации и изненадувања во текот на јуни. Можете да ја откриете длабочината на својата страст на различни начини. Ова е период кога ќе одите од крајност во крајност, пробувајќи да најдете баланс и рамнотежа.

Водолија

Период на цветање на љубовните и семејните односи. Ќе доживувате убави чувства, заеднички активности, ова е одличен период за заедничко опуштање, страст и романтика, но и квалитетно време со најблиските. Слободните водолии ќе среќаваат нови и интересни личности, иако воопшто не се трудат да запознаат некого – друштвениот живот ќе биде динамичен, па новите средби ќе се одвиваат спонтано. Ќе имате можност да избирате меѓу повеќе личности.

Риби

Овој период ќе чувствувате силен прилив на енергија што ќе ви помогне да дојдете до некои промени кои сте ги посакувале долго, а не сте имале можност да ги спроведете. Подготвени сте да работите на врската, но без услови и драми. Сепак, не е е време за драстични промени. Одете чекор по чекор. Слободните риби ќе се запознаат со личност за која нема да знаат ниту што да мислат, ниту што чувствуваат. Ќе бидете во искушение да се препуштите. Интересен месец е пред вас. 

Најчитани вести