Српската авиокомпанија „Ер Србија“ го обновува патничкиот сообраќај. Првиот авион полета утринава за Цирих и денес ќе има вкупно три летови кон тој град и два кон Франкфурт.

Од „Ер Србија“ најавија дека ќе организираат ограничен број летови кон Лондон, Франкфурт, Цирих и Виена од 21 мај до 14 јуни.

Српската авиокомпанија е меѓу првите во Европа што започна со комерцијални летови по прекинот поради коронавирусот, а понатамошните летови ќе зависат од другите земји и аеродромите што полека се отвараат.

Во Србија од утре ќе биде дозволен влез без тест за коронавирус. Одлуката се очекува да биде донесена денес на седница на српската влада.

извор: Makfax

Најчитани вести