Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, најави дека туристичката сезона во Грција официјално ќе започне на 15 јуни.

Во телевизиско обраќање, Мицотакис, исто така, објави дека меѓународните летови до туристичките дестинации ќе започнат повторно од 1 јули.

Како што беше најавено, медицинските лица ќе земаат примероци за тестови на коронавирус на грчките аеродроми, и затоа е решено дека нема потреба од тестирање пред да се пристигне во Грција.

Исто така, нема да има 14-дневен карантин за патниците кои пристигнуваат во Грција.

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, рече дека најпрво ќе бидат вратени летовите на меѓународниот аеродром во Атина, уште на 15 јуни, а до 1 јули ќе бидат отворени сите аеродроми.

Првите туристи ќе бидат од земји каде епидемиолошките податоци се охрабрувачки и се споменуваат Балканот и земјите од северна Европа.

Теохарис рече дека властите ќе ги зголемат здравствените капацитети на неколку туристички дестинации во форма на повеќе тестови и лекари, како и оперативен план за згрижување на евентуално заболени лица (хотелски лекар, области за карантин и да се пренесување во здравствена установа).

извор: Makfax

Најчитани вести