ИВЗ на чело со поглаварот Сулејман Реџепи испратила писмо до Владата преку кое им даваат до знаење на Владата дека тие се против полициски час во текот на викендот и дека нема да ја откажат молитвата или намазот за Фитер Бајрам.

Во писмото испратено од ИВЗ до владата јасно е порачано дека „Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори„.

Во продолжение можете да го прочитате целото писмо испратено до Владата, Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести:

До: - Влада на РСМ

       - Главниот координативен кризен штаб

       - Комисија за заразни болести

            Почитувани,

Исламската Верска Заедница на РСМ секогаш била и ќе биде за тоа та се почитуваат сите препораки и мерки донесени од страна на надлежните органи за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Во овој правец бевме првите, како институција која што ги откажавме колективните молитви во верските објекти – џамиите, со единствена цел да се заштити здравјето на населението.

Како што сме информирани, Ријасот на ИВЗ, на 7 мај годинава донесе одлука за повторно отворање на џамиите за намаз молитви на колективен начин, почитувајќи ги сите мерки донесени од Ријасот на ИВЗ. Целата јавност, исто така и вие, сте сведоци како до последно се почитуваат сите препораки, во сите џамии во државата, со што верниците покажуваат висока дисциплина и култура, за што треба да им се заблагодариме.

Во недела (24 мај 2020) е празникот Фитер Бајрам, кој воедно е и државен празник. Истиот ден е националниот празник Св. Кирил и Методиј.

Има информации дека во недела, денот кога се празнуваат овие два празници ќе има полициски час. Компарацијата помеѓу овие два празници е нелогична, бидејќи едниот е национален а другиот  верски. Воведувањето на полицискиот час како што се најавува ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, нешто што автоматски ова ке значи дека дека намерно нема да се дозволи намазот на Фитер Бајрам кој се одржува еднаш годишно, овој намаз трае само 15 минути. Додека утринскиот намаз ќе се извршува по домовите на верниците. Колку за информација, Реисот на ИВЗ се откажа од организирањето на манифестацијата „ Остани со Фитер Бајрам„ поради пандемијата, но нема да нема сноси одговорност за ако се откаже намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори. Инаку ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб одложувајќи го намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека додека ќе се извршува намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементирани за намазот кој сега го правиме преку ден и за кој досега не сме добиле никаква забелешка од ваша страна. се надеваме на вашето разбирање.

 Со почит: Реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Најчитани вести