На ТВ24 вечерва можеше да се види дебата помеѓу потпретседателите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска и Александар Николовски. Дебатата беше корисна бидејќи јавноста можеше да види ставови на двете најголеми партии по однос на епидемијата и најавените вонредни извори во неа, како и политички ставови по низа други прашања. Дебатата покажа и која е разликата во политичките и стручни стандарди бидејќи Шеќеринска, повторно, ја постети јавноста зошто е еден од најнеомилените политичари и во својата партија СДСМ, а особено во пошироката јавност иако е повеќе од 20 години во врвот на СДСМ.

Шеќеринска соглано својат профил и немање познавања половина од терминот помина во навреди од типот дека соговорникот лажел, дека повторно лажел, дека не знаел, дека треба да го праша Груевски... и слично. Тоа е и квалитетот виден кај нејзинит сегашен шеф, Зоран Заев, кога се бараат факти, бројки и аргументи да се бега од полето на дебата со навреди.

Шеќеринска тврдеше дека ВМРО ДПМНЕ пред епидемијата и на нејзиниот почеток тврделе дека таа е “смешна работа“ и биле против вонредната состојба. Со проверка на фактите само со прост преглед на интеренет ќе се види дека вистината е сосема спротивна. Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, на три пати на почетокот на март изјавува дека епидемијата е крајно сериозна и бара кризни емрки. По негово барање реагира претседателот на државата после што објавува вонредна состојба. Напротив, Пендаровски и Зоран Заев, видно од нивните изјави во март, тврдеа дека ситуацијата е под контрола и нема потреба од кризна остојба. Инаку, вонредната состојба не е законски регулирана во нејзината примена, и затоа е барана кризна состојба чии емрки се подиректни и по прецизни, а одговорто на СДСМ и Пендаровски беше дека “државата нема капацитет за тоа“.

Александар Николоски ја демантираше Шеќеринска дека владата успешно се справувала со епидемијата, и дека кај нас уште сега имало услови за избори бидејќи Хрватска кон крај на Јуни излегувала на гласање. Николовски ги презентираше податоците од министерството за здравство според кои Македонија има најмногу починати од сите балкански држави во нашиот регион, што е доказ дека здравствениот систем не бил функционеален. Освен ова, Хрватска сега има четири заболени дневно во просек а Македонија повеќе од 20 дневно, што е доказ дека во Хрватска епидемијата е на замнување а Македонија има заболени и починати како во време на најлошите денови во март и април, што значи епидемијата е се уште во подем, и е опасна за гласачите.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, два пати прецизно истакна дека ВМРО ПДМНЕ нема да учествува на избори на 21 јуни, датум кој Зоран Заев неколку дена го истакнува како конечен и дефинитивен. Патем, ја замоли Шеќеринска да се воздржи од политички предавња и совети затоа што таа е претседател на СДСМ кој доживеал најкатастрофален изборен пораз во историјата на современа Македонија.

Куриозитет на вечерта, секако, е крајот кога Шеќеринска тврдеше дека нејзината влада била успешна и добила датум за преговори со ЕУ. На неколку пати Александар Николоски ја праша кој е тој датум? Шеќеринска немаше одговор. Нема, затоа што нема ни датум. Шеќеринска не одговори под кое име е примена Македонија во НАТО бидејќи шефот на македонскиот генерлштаб беше потпишан со непозната референца МКД Скопје МОД,а не со име на државата како сите други соговорници.

Најчитани вести