Пред точно 27 години, сараевските Ромео и Јулија, Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ се убиени. Нивната љубовна приказна траела точно девет години, а ја прекинале снајперските истрели. Родени во 1968 година се запознале на ЗОИ 1984 година. Набрзо пријателството преминало во огромна љубов, која требало да се круниса со брак.  

Тоа што Бошко бил Србин, а Адмира Босанка не било препрека ниту за нив ниту за нивните семејства. Кога животот во војната станал неподнослив решиле да го напуштат градот, но прмеминувањето преку мостот на 18 мај 1993 за нив било кобно. Првиот куршум го погодил Бошко, а вториот Адмира. Иако ранета доползела до него и го гушнала. Неколку минути подоцна починала и таа. 

Телата на мостот останале осум дена, а сликата го обиколи светот. Ги нарекоа сараевските Ромео и Јулија.  

Најчитани вести