По неколкуте барања да се обезбеди пристап до спомен-плочата на Мајка Тереза утринава на тревникот на платото пред ГТЦ осамнаа плочки, додуша малку чудно и смешно наредени. Ама важно за нив не биле потрошени пари, односно како што соопштија од Град Скопје тие биле од залихите на ЈП „Улици и патишта“ и нивното поставување немало дополнителни финансиски импликации.  

Изминатиот период откако тревникот беше пуштен во употреба, а притоа не беше изведен пристап до спомен-плочата на место на родната куќа на Гонџа Бојаџиу со реакција се јавија неколку здруженија и загрижени граѓани. Први реагираа од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од каде порачаа дека ако единствената нобеловка од Скопје, Мајка Тереза, не е светска фигура која го претставува нашиот град и целата наша држава, повеќе од кој било друг, тогаш ние имаме сериозен проблем со тоа како ги поставуваме стандардот за проценка на ваквите личности.

И Градот побрза да го реши проблемот и тоа со плочките кои ги имале во залиха. Плочки имале, ама изгледа не и метро да подизмерат и барем правилно да ги наредат за патеката да личи на нешто.

 

И на крајот фамозните плочки магично дојдоа, уште помагично си заминаа. И тоа веднаш после пресот на Институтот за културно наследство на Албанците кој ете се заблагодари за патеката.

 

Најчитани вести