Можеби ќе звучи како клише, но, по вчерашната бесрамна пародија на лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев, постојано ми одзвонува паролата на Кант: „Ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене“! – Оти, не еднаш сме констатирале дека за личноста на Заев не е потребна специјална анализа за да се разбере неговата комплесна дуална природа, да говори, без да чувствува, да дејствува, без да се преиспита, да распродава, без да  поседува, да нуди, без да... нејсе, знаеме сите за кого говориме.

Она што е особено значајно е тоа дека судбината е чудна состојба и истата не ги прашува ни чедните, ни бесрамните ами истата дејствува по сопствено наоѓање и воопшто не ја засега дали некому му ги побркала плановите, кога станува збор за тоа што е неминовно да се случи.

Токму тоа е она што го прави овој профил на натурен политичар, да биде несреќен, конфузен и крајно уплашен, кога станува збор нѐ за судбината на Република Македонија, туку за неговата лична, можеме да речеме и приватна состојба, која е мошне далеку од она што ние, обичните смртници можеме да го увидиме на прва, зошто, верувајте, ве уверувам, овој човек, никогаш и не се занимавал сериозно со македонската политика, туку истиот е брокер и ризничар на една поширока бизнис номенклатура, која Република Македонија ја третира како провинциски вилает кој и служи единствено за една намена, за лично богатење и за профит!

– Токму од тие причини, исто како што кога било потребно ревносно ја бревтал „Хеј Словени...“, со цврсто стисната тупаница на градите, истиот тој, Зоран Заев, му се обеси на вратот на Ципрас, додека му намигнуваше на Борисов. Да, секако, нему му е се исто, дали ќе го глуми Аладин на маскембал или ќе се истопори во претседателската резиденција во новиот мерцедес и ќе мавта со лисја, како нов во класот и со уста полна глаголи и придавки: „закон, Устав, граѓаните...“, ќе го изведе дневното кабаре за кое веќе однапред добро си ја наплатил својата дневна тарифа!

– Нему и на неговите помошници, не им е грижа за реалните проблеми на македонските граѓани. Нив ги интересира единствено само како да го одиграат зацртаното сценарио и во однапред предвидливиот гем, како да подместат лажна карта, како би го пролонгирале сопственото битисување на општествената сцена. Во ситуација кога на сите ни е јасно, зошто не само што не е на подобро, туку сме во вртоглав пад надолу, редно е да се потсетиме за што всушност овдека станува збор.

Заев лаже и не чувствува дека истото е далеку не само од нормалното, туку е и речиси неспоредливо со било кој друг тоталитарен или апсолутистички режим, за кој е запознаено човештвото. Од тие причини, во истовреме е и уникатен и значајно е да повториме на кои тези почива неговото бесконечно политичко слепило:

  1. Нема правда, нема мир!
  2. Ослободување на судството и враќање на правната држава.
  3. Нема промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија.
  4. Смилковскиот масакр.
  5. Загарантирана плата од 30.000 ден.
  6. Добивање на датум за преговори за влез во Европската унија.
  7. Борба против корупцијата.
  8. Профилирање и рационализирање на јавната администрација.
  9. Враќање на младите во Република Македонија.
  10. Живот за сите!

На самиот почеток на новиот ден, јасно е дека оваа погубна и крајно неморална политичка игранка со судбината на над два милиони граѓани на Република Македонија ќе има свој крај. Оваа вештачки наметната нелегитимна власт се крши и пука по шавови и истата ќе има своја разрешница. Во овој момент, секој еден живот е во опасност и во таква сложена ситуација, потребна е мудроста на совесните политички елити, кои генерациски ги надминале ниските слабости на долниот стомак и истите се решени до последен атом да го повратат достоинството на својата татковина.

Такво е ВМРО – ДПМНЕ со д-р Мицкоски на неговото кормило и верувајте, ова е надеж која ветува иднина и спас!

Проф. д-р Иванка Василевска

Најчитани вести