Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дефинирала нови мерки, единствено разговарале за можно отворање на кафулињата. Оттаму велат дека угостителските објекти, кафулињата најверојатно ќе бидат отворени во петок, најдоцна во сабота, но напоменуваат дека утре дефинитивно ќе се знае. Истовремено велат дека полицискиот час до 19.00 за сега останува на сила, објави Фактор

Сметаат дека треба да има поголема контрола за спроведување на безбедноста, а како пример го споменуваат моловите, нагласувајќи дека не може да биде преполн, а никој да не носи маска. Во такви случаи, како што истакнуваат од Комисијата за заразни болести, редарските служби мора да реагираат и да се инсистира на задолжително почитување на протоколите за заштита од корона вирусот.

Извор: Фактор

 

Најчитани вести