Кризниот штаб при општина Тетово соопшти дека од здравствените установи добиле информација дека големиот број новозаболени се луѓе кои воопшто не излегувале од своите домови, а Ковид-19 добиле од гости кои дошле кај нив.  До 18 мај во Тетово и околните општини се регистрирани четири нови случаи со Ковид19, со што вкупниот број на дијагностицирани е 147. Од овој број досега оздравени се  56 лица, а 13 починале.

Бројките во последните денови за жал упатуваат на постојан пораст на бројот на заразени лица со КОВИД 19 во општина Тетово и околината. Ова во голема мерка се однесува на непочитување на заштитните мерки, односно не ористење на заштитни маски и одржување на физичко растојание. Исто така, имаме случаи на луѓе кои не ги напуштиле своите домови, но биле заразени со Ковид-19, што значи дека вирусот им е донесен од страна, како резултат на посети во нивните домови од членовите на семејството и нивните пријатели. Затоа, апелираме да се намали бројот  на непотребните посети и поголеми групирања во домови и затворени простории, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа најави дека ќе локалната самоуправа ќе им помага на верските објекти за дезинфекција.

Општинските служби, како Територијалната противпожарна единица и ЈКП Тетово по отворањето на  џамиите и другите верски објекти  ќе направат и внатрешна дезинфекција на просториите на објектите, со цел да се минимизира опасноста од Ковид-19, рече Арифи.

По општини најголема бројка на заразени, 68 има во тетовската општина каде има и четири починати лица, во општина Боговиње  47 заболени, и шест починати, во Теарце има 10, Брвеница 12  заболени и еден починат, во Јегуновце четворица заболени и во Општина Желино шест заразени, а починати две лица. 

Најчитани вести